Top Sport

Барса од среда ќе има нов напаѓач

Фудбалскиот клуб Барселона доби дозвола од Ла Лига да донесе нов играч. Иако преодниот рок е завршен, според парвилата на Ла Лига клуб може да донесе играч кој настапува во Шпанија, доколку докаже дека има повреден фудбалер кој најмалку пет месеци нема да биде во тимот.

Барселона има проблем во офанзивната линија, поради повреди сезоната веќе ја завршија Усман Дембеле и Луис Суарез. Клубот ја доставил потребната документација и Ла Лига им одобриле трансфер.

Изминатиот период неколку напаѓачи се поврзуваа со клубот од „Ноу Камп“, а според каталонскиот медиуми „Спорт“ , Барселона во среда ќе го претстави новиот напаѓач.

Овој извор тврди дека изборот на клубот е Бразилецот од Реал Соседад Вилијан Жозе.

Наводно Браселона за овој трансфер ќе издвои 30 милиони евра, а напаѓачот ќе потпише договор до 2023 година.

Новиот играч Барселона ќе го претстави в среда, а тој би можел да дебитира веќе в сабота кога Барселона ќе го пречека Хетафе.

Scroll to Top