Top Sport

Од рацете на Коракаки олимпискиот факел ќе тргне кон Токио

Ана Коракаки прва ќе го понесе олимпискиот факел кон Токио. Ова ќе биде прв пат во историјата жена да биде првиот носител на факелот на патот од Атина до домаќинот на Игрите.

Ана Коракаки на 12 март ќе присуствува на церемонијата на палењето на факелот на планината Олимп. Кога свештеникот Ксанти Георгиу ќе го запали факелот, тогаш олимпискиот факел ќе го преземе Коракаки и ќе го започне патот кон Токио, соопштено е на официјалната страница на Олимписките игри.

„Исклучителна чест. Навистина сум воодушевена и сигурна сум дека тоа чувство ќе биде уште посилно кога ќе пристигнам во древната Олимпија“, рекла светската првенка во стрелаштво.

Коракаки на Олимписките игри во 20106 година, во Рио де Жанеиро, освои злато во дисциплината воздушен пиштол на 25 метри и бронзен медал во истата дисциплина на 10 метри.

„Историски момент, прв пат во историјата жена прва ќе го понесе факелот. Ова е награда за нејзините успеси“, рекол првиот човек на Олимпискиот комитет на Грција.

Откако факелот ќе биде запален во Олимпија, тој осум дена ќе патува низ Грција. Потоа, на Олимпискиот стадион на 19 март, ќе биде предаден на тимот од Токио.

Олимписките игри во Токио ќе започнат на 24 јули.

Scroll to Top