Top Sport

Колшрајбер прво се ожени, па загуби во меч од два часа!

Средата беше посебен ден во животот на германскиот тениски ветеран Филип Колшрајбер.

34-годишниот Германец прво се ожени со својата долгогодишна девојка Лена Алберти во текот на утрото во Хамбург, по што попладнето пристигна во Кицбил, Австрија и загуби со 5:7/6:3/6:1 од Денис Истомин по повеќе од два часа игра.

Колшрајбер беше актуелен шампион од Генерали опен во Кицбил, и сега ќе загуби 230 поени на АТП –листата. По ова, тој ладнокрвно објасни дека имал грип и дека затоа не можел да го победи Истомин.

„Веќе навистина немав сили. Свадбено патување? Засега немаме потврда, но ги разгледуваме опциите. Секако, тоа ќе се случи во декември, кога има добри понуди и кога нема да има тенис за играње“, вели Колшрајбер.

Scroll to Top