Top Sport

Барса отвори прва продавница во Мадрид и порача: Раул навива за нас!

Барселона првпат во својата историја отвори официјална продавница во шпанската престолнина, Мадрид, каде што (ретките) навивачи на каталонскиот гигант ќе можат да купат дресови од своите миленици.

Сепак, како и секогаш во шпанскиот фудбал, ова не можеше да помине без контроверзи и „боцкања“. Покрај тоа што продавницата на Барса е на само 50-тина метри од „фан-шопот“ на Реал Мадрид, клубот реши да направи промоција со огромен банер на кој пишуваше „Raúl es culer“, или Раул  е „куле“,  буквално тој што го покажува задникот, но во преносна смисла, навивач на Барселона.

Ова секако е инсинуација на никогаш потврдените шпекулации дека легендарниот поранешен напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес во своето детство бил огромен навивач на ривалите од Каталонија.

Scroll to Top