Top Sport

Барса „падна“ во 93. минута во Билбао (видео)

Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Гранада и второлигашот Мирандес се неочекуваните четири полуфиналисти во Кралскиот куп, откако вечерва на преполниот „Сан Мамес“, Билбао со гол во 93. минута ја елиминираше Барселона, во ист ден кога нивните баскиски ривали Реал Сосиедад на гости славеа со 4:3 кај Реал Мадрид.

Барса имаше прва шанса преку Ансу Фати уште во петтата минута, но домаќините во 31. минута немаа среќа кога Раул Гарсија имаше совршена шанса за гол. Ракитиќ се закани за Барса до крајот на полувремето, во кое Барса ја имаше топката во нозе, а Атлетик чекаше шанси од противнапад.

Антоан Гризман, кој не беше стартер на мечот ја имаше најдобрата шанса во 70. минута, но голманот Унаи Симон се покажа. Лео Меси исто така имаше совршена шанса во 88. минута, кога доби одлична топка од Артур, но повторно голманот беше на своето место.

Во 93. минута Атлетик ја начека својата шанса – Ибаи Гомез упати одлично нафрлање, а Ињаки Вилијамс беше највисок во скокот за голема победа.

Scroll to Top