Top Sport

Барса пак тргнува по Лаутаро

Барселона повторно е заинтересирана за трансфер на Лаутаро Мартинез од Интер, откако аргентинскиот напаѓач има клаузула во неговиот договор за откуп за релативно ниски 111 милиони евра.

Барса поодамна е заинтересирана за соиграчот на Лео Меси од аргентинската репрезентација, но две години беа одбивани од Интер, иако сега условите се сменети – Барселона има нов претседател и борд на директори, додека околу Интер има многу шпекулации околу финансиската моќ на кинеските газди „Сунинг“.

Според „РАЦ1“ во Шпанија, прв избор на Жоан Лапорта и Барселона е Ерлинг Халанд, но за него Борусија Дортмунд бара 180 милиони евра, а има и многу други европски гиганти кои се заинтересирани. Од друга страна, Лаутаро има само 23 години и со доволна понуда, Интер може да се согласи на трансфер.

Scroll to Top