Top Sport

Отфрлената капитенска лента на Роналдо ќе се искористи за добро дело

Од каприцот на Кристијано Роналдо во текот на мечот со Србија, на крајот ќе испадне нешто добро, откако неговата отфрлена капитенска лента се наоѓа на аукција преку хуманитарната акција „Заедно за живот“, со која треба да се помогне во лечењето на шестмесечниот Гаврило Ѓурѓевиќ од Крагуевац.

Роналдо ја фрли капитенската лента на теренот на „Рајко Митиќ“ откако не му беше признат голот во 93. минута од мечот со Србија (кој за волја на вистината ја помина гол-линијата). Иако прво се појавија шеги со лажни аукции со лентата (за 1.000.000 евра), еден од дежурните работници на стадионот ја земал лентата и решил да ја донира.

Малиот Гаврило боледува од мускулна атрофија и потребни се околу 2.500.000 евра за негово лечење.

Доколку некој има повеќе пари и сака да донира тука е линкот за да го добиете овој дел од фудбалската историја. Последната понуда беше околу 3 милиони српски динари, или околу 1.500.000 денари.

Scroll to Top