Top Sport

Барса победи во меч во кој има помалку голови од црвени картони (видео)

Каталонското дерби меѓу второпласираната екипа на табелата во Ла лига, Барселона и „фенерџијата“ Еспањол заврши во корист на фаворитот, многу потешко од очекувањата.

Барселона славеше и освои 3 бода во меч на кој имаше само 1 гол, а притоа судијата опрадано покажа 2 црвени картони, по еден на двете страни.

Првото полувреме е за заборав. Барса не упати ниту еден удар во рамките на голот на Еспањол.

Второто полувреме почна нервозно.

Најпрво во 50 минута Фати реагираше остро, непромислено. По прегледување на ВАР снимката, судијата му покажа црвен картон.

За слична ситуација, во 53 минута и Еспањол остана со играч помалку. Во соблекувална беше испратен Лозано откако со отворена копачка стартуваше над Пике.

Откако двете екипи останаа со по 10 играчи на теренот, се отвори повеќе простор. Тоа при една мешаница во шеснаесетникот на послабиот каталонски тим го искористи Уругваецот Сураез и биеше прецизно од 5 метри за 1-0.

Се испостави дека тоа е конечниот резултат на мечот во кој Барселона во текот на сите 90 минути имаше само 2 удари во рамките на противничкиот гол.

По 35 одиграни кола, Барселона е на -1 од лидерот Реал Мадрид, но „Кралевите“ мечот од ова коло ќе го одиграат по два дена, против Алавес.

Еспањол останува закован на дното, со само 24 освоени бодови.

Scroll to Top