Поради својата нестабилна финансиска ситуација, Барселона ќе мора да направи тешки одлуки во летниот преоден рок, и според „АС“, жртва ќе биде Рафиња, кој може да биде продаден за да се финансираат потенцијалните засилувања.
Каталонскиот клуб веќе го претставил својот план за консолидација на Ла лига, и очекуват тој да биде одобрен, по што ќе треба да обезбедат средства со продажба на неколку играчи. Иднината на Ансу Фати, Феран Торес и Франк Кеси во последните недели беше предмет на шпекулации, но според „АС“, Рафиња ќе биде првиот кој ќе замине по интересот на Челси и на Њукасл.
Тие додаваат дека агентот на Рафиња, поранешниот нивни фудбалер Деко, ќе стане нов спортски директор на Барселона, така што продажбата ќе треба да се случи пред неговото ангажирање.