Top Sport

Барса подготвена за „трампа“ Де Јонг-Бернардо Силва

Барселона е подготвена да се договори со Манчестер сити за потенцијална трампа помеѓу Френки де Јонг и Бернардо Силва, тврди шпанскиот „Мундо депортиво“.

Португалецот Силва беше поврзуван со трансфер на „Ноу Камп“ минатата сезона, по тврдењата дека не е среќен под Пеп Гвардиола кај англискиот шампион, но тоа не му пречеше да има одлична сезона. Од друга страна, во Барселона имаат големи очекувања од Педри, така што можат да дозволат Де Јонг да си замине, а тој би бил совршено засилување на Сити, кои ќе го загубат капитенот Фернандињо на крајот на сезоната.

Најголеми ривали на Сити за Де Јонг, се „соседите“ од Манчестер јунајтед, кои можат да го искористат новиот менаџер, Ерик Тен Хаг како човек кој може да го извлече максимумот од Холанѓанецот.

Scroll to Top