Top Sport

Димитриевски најдобар, Рајо обезбедија опстанок во Ла лига

Столе Димитриевски не дозволи изненадување и беше најдобриот играч на мечот за неговите Рајо Валјекано да одиграат 0:0 против Хетафе во „малото“ мадридско дерби за да обезбедат опстанок во лигата.

Рајо по ремито останува на 12. место на табелата со осигурен опстанок во лигата по фантастичниот прв дел од сезоната, додека Хетафе уште не е сигурен – се наоѓа на 15. место со 37 поени на три кола пред крајот на шампионатот, пет повеќе од Мајорка, која е на 18. место на табелата.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top