Top Sport

Барса подготвиле жестока казна за Дембеле

Усман Дембеле никако да го поправи своето проблематично однесување, повторно предизвика инцидент поради што го очекува жестока казна од неговиот клуб Барселона.

Дембеле се повреди во петокот на мечот со Атлетик Билбао, а потоа без знаење од клубот заминал со семејството во Сенегал. Не се појавил на лекарските прегледи, а го исклучил мобилниот телефон за да не мора да одговара на повиците од клубот.

Барселона ќе го „удри по џебот“, а според клупскиот правилник тој може да остане без плата помеѓу 11 и 30 дена. Доколку биде суспендиран на 11 дена ќе остане без 360.000 евра, а доколку суспензијата биде еден месец тогаш ќе остане без еден милион евра.

Дембеле ќе биде казнет и со 215.000 евра бидејќи го пропуштил лекарскиот преглед.

Scroll to Top