Top Sport

Барса потроши најмногу пари на засилувања

Како што пренесува шпанскиот спортски весник „Марка“, досега најмногу пари на засилувања во преодниот рок, потрошил фудбалскиот клуб Барселона околу 115 милиони евра.

Се наведува дека до неодамна Барселона не можела да регистрира нови фудбалери, а имала долгови кои надминуваат милијарда евра. Сепак овој клуб е на прво место во светот по трошење пари во преодниот рок.

Барселона досега се засили до Рафиња и Левандовски. За овие двајца клубот платил 115 милиони евра.

Веднаш зад Барселона е Манчестер сити кој потроши 108 милиони евра на засилувања, а на третото место е Лидс јунајтед со 105 милиони евра.

„Марка“ наведува дека Барселона успеала да ги намали огромните долгови со продажба на дел од идните ТВ права. Весникот наведува дека Реал Мадрид е единствениот шпански клуб чии трошоци се економски издржани.

Scroll to Top