Top Sport

Барса прати „делегација“ по Чави, шеиците не го пуштаат

Иако се веруваше дека Барселона се пред промовирање на Чави во нов тренер на каталонскиот гигант, откако пратија делегација во Катар да преговара со легендата на клубот, од Ал-Сад повторија дека Чави има договор со нив и дека нема за што да се зборува.

Чави официјално доби понуда да стане тренер по отказот на Роналд Куман на 27 октомври, а во меѓувреме Серхи Бархуан го води тимот. Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте и фудбалскиот директор Матеу Алемани отпатувале за Доха по победата над Динамо Киев во ЛШ во вторникот навечер.

Од Ал-Сад тврдат дека не е возможно да се дојде до договор.

„Позицијата на клубот е јасна од почеток – ние сме посветени да го заддржиме Чави и нема шанси да го пуштиме во ова клучно време во сезоната“, вели генералниот директор на клубот, Турки Ал-Али.

Scroll to Top