Top Sport

Барса празните трибини против Наполи ќе ја чинат 6 милиони евра!

По вестите дека дуелот на Барселона со Наполи во осминафиналето на Лигата на шампиони ќе се игра без публика, претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу открива дека ова ќе го чини каталонскиот клуб фантастични 6 милиони евра.

„Секако, тука е економската загуба. Но, не само за Барселона, туку за секој клуб кој мора да игра без публика. Парите се секундарен фактор, здравјето е најважно. Секако, постои и тагата што голем меч ќе се игра без публика, тага кај членовите на клубот, фановите и фудбалската јавност“, вели Бартомеу.

Scroll to Top