Top Sport

Клоп повторно изнервиран од прашањата за корона вирусот (видео)

Јирген Клоп не е човек кој ги „штеди“ новинарите на прес-конференциите, и тоа го докажа уште еднаш по прашањата на новинар од Шпанија за корона вирусот и стравувањата пред реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид.

Европскиот шампион утре ќе се обиде да ја избрише негативата од 0:1 од првиот меч и Клоп доби прашање дали се плаши дека неговите фудбалери ќе се заразат играјќи фудбал.

„Дали си од Мадрид? Живееш во Мадрид, не ли си загрижен?“, праша Клоп, а кога доби одговор дека новинарот не игра фудбал, лекцијата продолжи: „Тоа не е ништо посебно. Да се игра фудбал е само игра. И ние сме дел од општеството и треба да сме загрижени во исто време. Токму ова не ми се допаѓа – седиш и ме прашуваш ова прашање, но дојде од Мадрид тука? Зошто не остана таму, каде што затворија училишта и се загрижени. Но, ти секако мислиш дека фудбалот вреди да се патува. Тоа е нашиот заеднички проблем – играме фудбал, но не можеме да го сопреме вирусот со фудбалот. Го правиме тоа што го правиме. Во моментов моите фудбалери се здрави. Зошто да се грижиме?“, вели Клоп.

Scroll to Top