Top Sport

Барса предводена од Де Јонг сврза четири победи во низа

Барселона стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Елче, за нивна четврта победа во низа во шпанската Ла лига, за да се вратат на третото место на табелата.

Човек на одлука беше Холанѓанецот Френки де Јонг во 39. минута од мечот, кога во последна секунда спречи автогол на Диего Гонзалез сместувајќи ја топката во мрежата во последните сантиметри пред голот. Ова е петти гол на Де Јонг оваа сезона, со што ја помина бројката од 4 гола постигнати во пет сезони со Ајакс. Де Јонг ја продолжи одличната форма со асистенција на Рики Пуиг во 90-тата минута за потврда на триумфот.

Со победата, Барса се врати на третото место на табелата со 37 поени, три помалку од Реал Мадрид на второто место, и далечни седум зад лидерот Атлетико Мадрид, кои вечерва играат со Валенсија.

ЛА ЛИГА, 20.КОЛО

Осасуна – Гранада 3:1

Елче – Барселона 0:2

Scroll to Top