Top Sport

Барса преговара со Де Јонг и Тер Штеген за „одложување“ на платите

Во обид да остават простор за регистрирање на новите засилувања, Барселона се обидува да се договори со Марк-Андре Тер Штеген и Френки де Јонг за потенцијално намалување на платите, тврди „Спорт“.

Клубот преговара за нови договори со двајцата фудбалери кои заработуваат најмногу во тимот, со кои би им биле намалени платите, односно би им се исплатила истата сума, само на подолг период на договорите.

Де Јонг има договор до 2026 година и стана еден од клучните играчи во тимот на Чави Ернандез, а својата верност кон клубот ја покажа одбивајќи ја минатогодишната богата понуда да се пресели во Манчестер јунајтед.

Scroll to Top