Top Sport

Јунајтед ќе го „шутнат“ Гринвуд по лошите реакции во британската јавност

Манчестер јунајтед се предомислија и ќе го исфрлат Мејсон Гринвуд од својот тим, иако претходно англиските медиуми тврдеа дека направиле план за интегрирање на контроверзниот напаѓач во тимот.

Во текот на оваа недела се тврдеше дека Јунајтед почнале со планот да го вратат Гринвуд, кој во 2022 беше уапсен и обвинет за силување и насилничко однесување, а исто така дека веќе имаат снимено интервјуа со Гринвуд и неговата партнерка, како и извршниот директор Ричард Арнолд кој ја објаснува одлуката. Меѓутоа, сега според „Сан“, по лошите реакции во јавноста и протестите кои најавија дел од навивачите, ова е стопирано.

21-годишниот Гринвуд има уште две години од договорот со Јунајтед со неделна плата од 75.000 фунти.

Scroll to Top