Top Sport

Барса продаде дел од Студиото за да регистрира засилувањата

Барселона ја продолжува трката со времето за да успее да ги регистрира новите и фудбалерите што ги продолжија договорите.

Челниците на клубот направија важен чекор, продадоа 24 отсто од акциите на „Барса студио“ за околу 100 милиони евра на „Орфеус Медиа“.

Сумата што ја добија треба да им овозможи да пријават дел од играчите за првиот натпревар од Примера кој утре го играат против Рајо Ваљекано.

Повеќекратниот европски шампион моментално има само 17 пријавени играчи, а приоритет е што поскоро да се потврди соработката со Андраес Кристенсен и Франк Кеси, кои можат да го напуштат клубот како слободни играчи доколку не бидат пријавени пред првиот официјален натпревар на сезона.

До крајот на преодниот рок Барса ќе се обиде да ги доведе Маркус Алонсо од Челзи и Португалецот Бернардо Силва од Манчестер сити.

Scroll to Top