Top Sport

Барса продава „дете од Ла Масија“ – Алења се сели во Хетафе

Доскорешниот играч на Барселона, Карлес Алења е нов фудбалер на прволигашот Хетафе. Тој во новиот клуб доаѓа за сума од 5 милиони евра и 50% од наредната негова продажба.

Алења има 23 години и целиот свој фудбалски „стаж“ го има во Барселона, ако не се сметаат позајмиците. Една година беше надвор од клубот, на позајмица во Бетис.

За Барселона Б одигра 89 натпревари и постигна 14 гола, додека во првата екипа настапи на 44 со ефект од 3 постигнати погодоци.

Играчот од средниот ред и претходната сезона беше на позајмица, во клубот каде ќе ја продолжи кариерата – Хетафе. Имаше на контото 2 гола и 2 асистенции.

Иако цената на „трансфермаркт“ му е 15 милиони евра, Барса прифати трипати пониска сума и процент од наредната продажба.

Се чини дека клубот од „Ноу Камп“ по секоја цена сака да направи простор за нов договор со Лео Меси.

Scroll to Top