Амбасадоот на УЕФА, поранешниот голман на Интер Жулиот Цезар, ги извлече двојките за четврт-финалето во Лигата на шампионите. Бразилецот им донесе добра ждрепка на Јувентус и Ливерпул.
Јувентус за пласман во полу-финалето ќе се бори со Ајакс, а „црвените“ од Енфил го добија Порто за ривал.
Ајакс-Јувентус
Ливерпул-Порто
Тотенхем-Манчестер сити
Манчестер Јунајтед-Барселона
Првите натпревари ќе се одиграат на 9 и 10 април, а реваншите се на програмата на 16 и 17 март.
Веднаш во седиштето на УЕФА извлечени и полу-финалните двојки.
Тотенхем/Манчестер сити- Ајакс/Јувентус
Манчестер Јунајтед/Барселона- Ливерпул/Порто
Полу-финалните натпревари се играат на 30 април, односно на 1 мај, а реваншите се на програмата на 7 и 8 мај.
Финалето оваа година ќе се игра во Мадрид, на „Ванда Метрополитано“ на 1 јуни.