Барселона се подготвени да му дадат нов договор на голманот Марк-Андре Тер Штеген, со кој Германецот би останал на „Ноу Камп“ до крајот на неговаата кариера, тврдаат шпанските медиуми.
31-годишниот голман имаше фантастична сезона и беше дел од историската шампионска сезона на Барса, откако во првите 33 меча од сезоната прими само 11 гола. Тој има договор до 2025 година, но според „Марка“ клубот преговара за продолжување на договорот до 2028 година, со што не само ќе ја покажат својата доверба во неговите квалитети, туку и со поинаква структура на неговата плата ќе се остави простор да се регистрираат новите ззасилувања.
Тер-Штеген, исто така, се очекува да стане заменик-капитен зад Серхи Роберто, бидејќи е фудбалер со втор најдолг престој во каталонскиот клуб.