Top Sport

(Видео) Барса се намачи за победа над Осасуна, но го загуби Гави

Осасуна не успеа да издржи до крај, и прими гол во 85. минута, за да загуби со 1:0 на гостувањето на „Ноу Камп“ кај лидерите Барселона, откако повеќе од еден час имаа 10 играчи на теренот.

Баскискиот клуб остана со играч помалку во 27. минута кога 22-годишниот дефанзивец на гостите, Хорхе Ерандо во својот прв меч во Ла лига го сопре Педри кој беше излезен сам пред голманот. И покрај ова, Осасуна, која да потсетиме игра финале на Копа дел реј против Реал Мадрид, до крајот на мечот остана цврста во одбраната, пред Френки де Јонг да му асистира на Жорди Алба за победа.

За тимот на Чави Ернандез, пак, кој е на чекор до титулата, повеќе главоболки предизвикува повредата на Гави, кој беше заменет уште во првото полувреме.

Во борбата за опстанок, пак, Алмерија освои важни три поени со 2:1 победата над „фенерџијата“ Елче.

ЛА ЛИГА, 33.КОЛО
Барселона – Осасуна 1:0
Алмерија – Елче 2:1

Scroll to Top