Барселона отфрлила можност за трансфер на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид за релативно ниски 50 милиони евра поради „економски причини“, тврди шпанското радио „ЦОПЕ“.
Врските на Португалецот со Барселона се зголемија откако тој призна дека како дете сонувал да игра за каталонскиот клуб, навлекувајќи го бесот на навивачите на Атлетико. Феликс половина сезона помина како позајмен играч во Челси, кои исто така се решија да не ја искористат опцијата да го откупат неговиот договор.
Барса би се согласила на позајмица на Феликс, но Атлетико сака да го продаде Португалецот, а каталонскиот клуб во моментов нема толку средства за било каков трансфер. Покрај тоа, дури и да дојде на позајмица, Барса ќе треба да ја покрие целата плата на Феликс, што значи дека ќе биде во минус околу 20-тина милиони евра.