Top Sport

Барса се спаси од пораз кај Атлетик – Депај промаши шанса за триумф

Последниот денешен меч од второто коло во Ла Лига заврши со резултат 1-1. На „Сан мамеш“ во Билбао домаќинот Атлетик ремизираше со фаворитот Барселона.

Иако гостите од Каталонија ја имаа повеќе топката во своите нозе, домашните беа поголема закана кон голот на Нето.
Во првото полувреме немаше премногу шанси пред двата гола, а погодоците беа во вториот дел од мечот.

Во 50 минута на семафорот стоеше 1-0. Стрелец за водство на домаќините беше Мартинез.
Билбао имаше уште неколку прецизни удари кон голот на Барса, но Нето беше на висината на задачата.

Во 74 минута малку фалеше Френки де Јонг да се запише во листата на стрелците. Биеше од неколку метри во пречката.

Веќе во следниот напад Мемфис Депај носи изедначување.

Се проби по левата страна и биеше откосо неодбранливо под пречката.

Во слична ситуација, дури и на подобра позиција, се најде десетина минути подоцна, но овојпат топката помина крај левата статива на домашниот гол.

На крај се чини двете екипи се задоволни со поделбата на бодовите.

Scroll to Top