Барселона вечерва на Канрските острови ќе му гостува на Лас Палмас во рамките на 26.коло во Ла Лига. Во пресрет ова гостување, Барсеона на лидерската позиција, со натпревар помалку, има четири бода повеќе од Атлетико Мадрид, тим со кого во дербито ќе се соочи в недела на „Ноу Камп“.
Во Барселона на сите им е јасно дека наредните два натпревари се исклучително значајни, дека се натпревари по кои тимот може речиси да ја зграпчи шампионската титула.
Поради тоа тренерот Ернесто Валверде се жали на распоредот, Барса вечерва игра со Лас палмас, а птооа в недела од 16:15 против Атлетико. Инаку дуелот од 26.коло Атлетико го одигра синоќа и забележа победа над Леганес 4:0.
„Неделниот распоред е тежок, распоредот е против нас. Постојат многу прашања во врска со ова, не е фер…Играме ден подоцна од Атлетико и одиме на најдолгиот пат. Кога ќе го погледнете распоредот ќе видите дека не сме во иста положба како нашите ривали“, се жали Валверде.
„Зошто челниците на лигата не мислеа на нас? Зошто не се согласни, како да заборавија дека ние в недела играме важен меч“,рекол тренерот на Барса кој најавил и промени во стартниот состав, односно да одмори неколку фудбалери за пресметката со Атлетико.
„Тое е една од можностите. Никогаш не сум сакал да размислувам за натпреварите кои следуваат. Секој натпревар вреди три бода и доколку во овој момент размислуваме за Атлетико тоа нема да ни донесе ништо добро“, рекол Варверде.