Top Sport

Барса со формална жалба за теренот во Валјадолид (галерија)

Барселона потврди дека ќе поднесе официјачна жалба за состојбата на теренот во Валјадолид по победата од 1:0 во саботниот меч.

Каталонскиот тим се жали дека било „невозможно“ да се игра на таква подлога, а претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас потврди дека ќе има истрага за состојбата на теренот.

„Да, вистина е, тоа беше терен на кој не можеше да се игра фудбал“, изјави Тебас.

Фудбалерите на Барселона беа јасни во осудата на фудбал на теренот на стадионот „Хозе Зорилја“.

„Ако сакаме да ја продаваме Ла лига како продукт и да го носиме спортот во САД, прво треба да погледаме што имаме дома. На ова не се играше фудбал“, изјави Жерард Пике.

Ниту претседателот на Валјадолид, Карлос Суарез не беше задоволен.

„Жал ни е за состојбата на теренот, но навистина не мислевме дека така ќе се ’отвори’. Одговорноста беше наша и ако бидеме казнети тоа ќе биде заслужено“, изјави Суарез.

Дембеле и ВАР за триумф на Барса во Ваљадолид (Видео)

Scroll to Top