Top Sport

И тој некаде е ѕвезда! Кариус пречекан како херој во Истанбул (галерија+видео)

Лорис Кариус нема да може да избега од репутацијата како „киксер“ по финалето на Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, меѓутоа тоа не им пречеше на навивачите на Бешикташ да го пречекаат како херој нивното ново засилување.

25-годишниот Германец се приклучи на клубот од Истанбул со договор за позајмица за две години, откако стана јасно дека нема да има шанси во Ливерпул по доаѓањето на Алисон Бекер од Рома и пречекот беше фантастичен.

Кариус направи две клучни грешки во финалето во Киев, за да дозволи Реал Мадрид да стигне до 3:1 победа, и си заминува од Ливерпул (барем официјално привремено) со 49 настапи откако дојде од Мајнц во 2016 година.

Scroll to Top