Top Sport

Барса со необичен „коцкест“ дрес за 2019/20 (галерија)

Барселона го потврди дизајнот на дресовите за следната сезона, во која традиционалниот дизајн на дресот се менува за необичен „коцкест“ дрес, кој не може да не наликува на дресовите на хрватската репрезентација.

Како дел од кампањата „Талентот има различни облици“, Барселона реши да го смени препознатливиот дизајн инспириран од блоковите на Еичампле квартот на градот, каде што се многу од зградите дизајнирани од славниот архитект Антони Гауди. На дресот се поместува и каталонското знаме, кое беше поставена на задниот дел на вратот, но сега е напред во V-форма.

„Дресот можеби е поинаков, но е 100 отсто Барса и ја покажува врската која ја имаме со навивачите и со луѓето кои го движат градот напред“, изјави капитенот Жерард Пике.

Клубот исто така го претстави и дресот на Барселона Фемени, женскиот фудбалски клуб формиран во 1988 година, кој првпат ќе биде во продажба. Исто така, првпат во кампањата се вклучени и другите тимови на Барса – кошаркарскиот, ракометниот, ролер-хокеј тимот и футсал составот.

Scroll to Top