Барселона со пресврт успеа да стигне до триумф против Реал Сосиедад, славејќи со 2-1 и преземајќи го врвот во Ла Лига со 19 бодови.
Гостите први се радуваа на овој дуел. Алваро Одриозола во 31. минута ја погоди мрежата на Барса и донесе предност за Реал Сосиедад.
Каталонците возвратија пред паузата. Жул Кунде по изведен корнер од левата страна со прецизен удар со глава израмни на 1-1.
Во продолжението, тренерот Ханси Флик го внесе Ламин Јамал, а младиот талент веднаш ја оправда довербата. Во 59. минута одлично му асистираше на Роберт Левандовски, кој ја реализираше шансата и ги постави конечните 2-1.
Со оваа победа, Барселона не само што ги освои трите бода, туку и ја презеде лидерската позиција во шампионатот.