Top Sport

Барса со втора понуда за Левандовски, Баерн инсистира на 50 милиони евра

Барселона дала втора понуда за Роберт Левандовски, која повторно не ги задоволува условите кои ги постави Баерн Минхен за да го пушти полскиот напаѓач, кој повеќе пати порача дека неговата приказна во Баварија е завршена.

Според „Билд“, Барса нуди 35 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси, но Баерн сака да добие точно 50 милиони евра, и покрај тоа одбива да се договори за одложено плаќање или плаќање на рати бидејќи не веруваат во ликвидноста на каталонскиот гигант.

Германските извори исто така потврдуваат дека Левановски неодамна се сретнал со спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ на Мајорка, и јасно му порачал дека не планира да останево Бундеслигата, иако од клубот му порачаа дека го очекуваат назад кога ќе почнат тренинзите за новата сезона.

Scroll to Top