Top Sport

Њукасл го потврдија трансферот на англискиот голман Поуп

Њукасл го потврдија трансферот на Ник Поуп за 12 милиони фунти од Барнли, давајќи му четиригодишен договор на англискиот голман. Поуп помина шест сезони на „Тур Мур“, но беше јасно дека ќе замине од Барнли по испаѓањето на клубот во Чемпионшип.

„Едвај чекам да почнам, бидејќи поминаа неколку недели пред да се реализира договорот“, вели Поуп, кој има над 100 настапи за Барнли, а исто така има и 8 настапи за англиската репрезентација, каде што честопати му е замена на Џордан Пикфорд.

Поуп е второ засилување за Њукасл во летниот преоден рок откако го донесоа Мат Таргет од Астон вила, но се очекува клубот да потроши голема сума откако лани беа купени од саудиската компанија ПИФ.

Scroll to Top