Top Sport

Барса тргна по Павар

Францускиот фудбалер Бенжамин Павард би можел да стане нов играч на Барселона, пренесува „Мундо депортиво“.

Павар има желба да го напушти Баерн на лето и Барселона е прва на листата на клубови кои би можеле да го ангажираат.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, менаџерите на Павар ги отвориле преговорите со Барселона.

Павар во досегашната кариера настапуваше за Лил, Штутгарт и Баерн Минхен, а со француската репрезентација го освои Светското првенство во 2018 година. Во репрезентацијата досега одигра 47 натпревари и постигна два гола.

Scroll to Top