Необичен момент е забележан на мечот меѓу Барселона и Осасуна на „Ноу Камп“. Барса стигна до рутиниран триумф од 4-0, но во светски рамки се раскажува потегот на Меси при првиот погодок на Каталонскиот клуб.
Во триесеттата минута Брајтвајт донесе водство за Барса, топката се одби од коленото и заврши во мрежата. Во моментот додека топката одеше кон мрежата Лионел Меси високо ја подигна раката како да сакаше со рака да ја внесе во голот, нешто слично како Марадона против Англија на Мундијалот во 1986-та.
Не играше со рака, а играчите на Осасуна бараа фаул од Меси токму поради овој потег. Судијата не интервенираше. Погледнете:
غَصّب ! pic.twitter.com/ocgyb47FKH
— تغطية (@RmdFCB05) November 29, 2020
Останатите три гола беа дело на Гризман (42 минута), Кутињо (57) и Меси во 73 минута.
По погодокот на Меси следуваше посвета за „Ел Пибе“:
И Дембеле во 70 минута постигна гол, но поради офсајд беше поништен.
Барселона со денешните 3 бода собра 14, во моментов доволни само за седма позиција на табелата во Ла лига.