Top Sport

Барса триумфираше над Атлетик, па го прескокна Реал!

Екипата на Барселона од вечерва е второплсираниот тим на табелата во шпанската Ла Лига. Избраниците на Роналд Куман вечерва ги постигнаа сите три гола на дуелот на „Ноу Камп“ против Атлетик Билбао, а мечот заврши со резултат 2-1.

Лионел Меси, играчот кој од утринава е главна вест по медиумите, пред се во Шпанија, па и во целиот свет од слободен удар го зададе првиот удар за противникот. Маестрално погоди за 1-0 во 20. минута.

Во второто полувреме бекот на Каталонците, Жорди Алба ја затресе сопствената мрежа, па во 49 минута на семафорот стоеше 1-1.

Сепак погодок за победа и за нови 3 бода постигна Гризман, на асистенција на Мингуеза во 75 минута.

Барса доминираше во сите статистички категории на овој меч, а трите бода им дојдоа „како кец на десетка“ за да го прескокнат Реал Мадрид на втората позиција на табелата (Реал вчера дома загуби од Леванте на Барди).

Сега Барса со 40 бода (гол разлика +23) е втора, а Реал е трет (гол разлика +17).

Лидер на табелата е Атлетико Мадрид со 50 бода и меч помалку одигран за разлика од ривалите.

Scroll to Top