Top Sport

Барса уште им должи на Манчестер сити 52 милиони евра за трансферот на Торес

Барселона, и покрај тоа што продадоа голем дел од комерцијалните и ТВ-правата во текот на летото за да ја „спасат“ финансиската стабилност на тимот, уште им должат на Манчестер сити 52 милиони евра за трансферот на Феран Торес во декември, тврди каталонското радио.

Економските „мерки“ на претседателот Жоан Лапорта дозволија Барса да ги регистрира летните засилувања Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, но очигледно не биле доволни да се исплатат и старите долгови.

И покрај одличната форма на Барселона на стартот на сезоната, Торес нема постигнато ниту еден гол оваа сезона, играјќи воглавном како замена во тимот на Чави Ернандез.

Scroll to Top