Top Sport

Барса уште смета на Нејмар, но и на уште четири нови фудбалери

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу останува на своето и го има Нејмар како прв приоритет во текот на летниот преоден рок, но Бразилецот не би бил единственото ново име на „Ноу Камп“, тврди шпанскиот „ЕСПН“:

Во клубот сите се согласни дека се потребни засилувања на тимот за да се остане во трка за титулите од Лигата на шампионите, а бидејќи мандатот на Бартомеу завршува во 2021 година, тој би сакал да го остави клубот на „висока нога“.

Секако, главната пречка ќе претставуваат парите, бидејќи секој договор со Пари Сен-Жермен за Нејмар ќе чини од 150 до 180 милиони евра, а покрај тоа тој ќе има и огромна плата во тимот кој „страда“ од огромни плати. Сумата која Нејмар би ја добивал е околу 70 милиони евра годишно.

Покрај Нејмар на Барселона им е потребен и напаѓач, а совршен за таа улога е Лаутаро Мартинез од Интер, кој би чинел околу 110 милиони евра. Друга пореална опција е Германецот Тимо Вернер од РБ Лајпциг за 60-тина милиони евра.

На Барса им е потребна помош и во одбраната, по разочарувачките перформанси на Самуел Умтити и годините на Жерард Пике. Токму затоа се верува дека ќе бидат потребни уште два бека (од двете страни) и еден централен дефанзивец.

Како и да е, во Каталонија ги спремаат парите за оваа летна „авантура“.

Scroll to Top