Top Sport

На Ругани му е подобро, но неговата бремена девојка е позитивна на корона вирусот

Микела Персико, бремената девојката на дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивна на корона вирусот откако нејзиното момче преку социјалните мрежи прати порака дека полека се опоравува од болеста.

Персико вели дека има позитивен тест, но дека уште нема симпоми на болеста.

„Јас сум добро и без симптоми, но позитивна сум на корона вирусот. Тоа значи дека сите треба да се внимателни и дека не мора да имате симптоми за да сте заразени и може да им направите проблеми на најблиските. Останете дома, почитувајте ги правилата и сите заедно ќе поминеме низ ова“, напиша Персико на Инстаграм.

Претходно, во интервју за „Јувентус ТВ“, Ругани изјави дека се чувствува подобро и дека неговиот случај треба да биде лекција за другите.

„Се чувствувам доволно добро и ги немам симптомите за кои читате и слушате на вестите. Имав среќа, бидејќи бев првиот во нашата околина што го добив вирусот. Се надевам дека тоа ќе ја крене свесноста. Што правам? Изгледав речиси сè на ’Нетфликс’. Прифаќам предлози преку Интернет“, изјави Ругани.

Scroll to Top