Името на младиот шпански фудбалер Дани Олмо повторно интензивно се споменува на Пиринеите.
Играчот кој е прва ѕвезда во тимот на Динамо Загреб на последните два меча за младата шпанска фудбалска репрезентација постигна 3 гола.
Шпански „Мундо Депортиво“ пишува дека наскоро голгетерот повторно ќе настапува во Примера.
„Рамос Планс, спортскиот директор на Барселона лично отиде да го гледа Олмо. Барселона ќе подготви понуда до Динамо и ќе го врати својот играч уште зимава“ – пишуваат Шпанците.
Наофицијално, интерес за младиот фудбалер покажале и Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Валенсија и Милан.
Единствената конкретна понуда што стигна на адреса на фудбалерот летово беше од Борусија Менхенгладбах, а изнесуваше 16 милиони евра. „Модрите“ наводно не сакаат ниту да чујат за помалку од 40 милиони евра.