Барселона, утре, ќе гостува кај Ференцварош во Лигата на шампионите. Дуелот против унгарскиот шампион ќе го пропушти Лионел Меси. Тренерот, Роналд Куман, решил да го одмори Аргентинецот. Меси го пропушти и гостувањето на Барселона во Киев, минатата недела.
Покрај Меси, Барселона во Будимпеша ќе биде и без Филипе Кутињо, кој неодамна се врати во тимот, а одмор ќе добие и голманот Марк-Андре тер Штеген.
Шпанските медиуми објавија дека овие тројца го пропуштиле утринскиот тренинг, што е знак дека нема да патуваат со тимот во Унгарија.
Барселона, во пресрет на последните две кола во групата, веќе обезбеди пласман во осмина-финалето.