Барселона со 4:2 го совлада Атлетико Мадрид во бурното дерби во 23. коло во Ла лига, за да ги помине на четвртото место на табелата во меч во кој имаше прекрасни голови, црвен картон и многу жар на теренот.
Атлетико поведе на „Ноу Камп“ уште во 8. минута преку Јаник Караско, по што следуваше неверојатна прва половина на мечот за Каталонците. Само две минути подоцна, Жорди Алба постигна невозможен гол за израмнување, пред Адама Траоре да ја запише првата асистенција по враќањето во Каталонија за голот на Гави во 21. минута. Роберто Араухо во 43. минута од мечот најави „катастрофа“ на Атлетико, меѓутоа во второто полувреме имаше поинаква приказна.
Дани Алвеш во 49. минута зголеми на 4:1, пред шест минути подоцна, Луис Суарез повторно да биде стрелец против поранешниот клуб за 4:2. Последните дваесетина минути беа одиграни во напната атмосфера, откако Алвеш доби заслужен директен црвен картон во 69. минута за стартот без топка над Караско, по што на публиката на „Ноу Камп“ највиновен им беше судијата.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк