Легендарниот англиски рок бенд Ролинг Стоунс ќе се појави на дресот на Барселона, на следното Ел Класико, пренесува Радио Монте Карло 1. Ролинг Стоунс на тој начин ќе го заменат логото на музичката апликација „Spotify“, со која Барселона потпиша спонзорски договор и ги продаде правата на името на стадионот.
Натпреварот е закажан за 29 октомври, а изборот налогот на Ролинг Стоунс е мотивиран од објавувањето на новиот албум на познатата рок група, прв по 18 години, поточно од 2005 година.
Албумот се вика „Hackney Diamonds“, а овој проект го најавија членовите на бендот Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд на гостувањето во телевизиското шоу на Џими Фалон.
Тоа ќе биде трето лого со музичка порака на дресот на Барселона во Ел Класико. Претходно на дресот Барселона го имаше бувот на пејачот Дрејк и Мотомами, логото на албумот на пејачката Розалија.
Судејќи по првите реакции на социјалните мрежи, фановите се поделени. Додека едни нагласуваат дека дресот ќе стане дел од историјата како вреден сувенир, други ја исмеваат алчноста и желбата за профит на Барселона.
🚨 Barcelona will play the next Clasico with the Rolling Stones logo on its shirt as part of their sponsorship deal with Spotify. 🎸
The match, scheduled for October 29, will take place a few days after the release of the British band's new album. 🎵
(📸 @Footy_Headlines) pic.twitter.com/aVfzpqqBmZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 13, 2023