Јаго Аспас, легендата на Селта, не дозволи Барселона да слави на „Балаидос“. Аспас во 96.минута спаси бод за својот тим, откако Барселона по првиот дел имаше предност од 0:3.
Браселона одигра блескаво прво полувреме, во кое постигнаа три гола. Фати со малку среќа погоди во петтата минута, потоа во 18.Бускетс зголеми на 2:0, а во 34. Депај го постигна третиот гол.
Во вториот дел Селта го казни несеризниот притап на „Блауграна“. Аспас во 52.минута ја искористи грешката на Тер Штеген и го намали резултатот. Селта во мечот се врати во 74.минута кога погоди и вториот ветеран во тимот, Нолито.
Во моментите кога Гонзалес Гонзалес се подготвуваше да означи крај на мечот, Аспас со својот втор гол го постави конениот резултат 3:3.