Top Sport

Барса жестоко ќе го казни Артур

Барселона и Јувентус пред еден месец разменија играчи. Миралем Пјаниќ од наредната сезона ќе игра за Барселона, а Артур Мело во Јувентус.

Бразилецот Мело кој првично се противеше на трансферот, откако размената беше реалзирана не одигра ниту еден натпревар за Барселона.

Вчера, шпанските медиуми објавија дека тој се наоѓа во Бразил и дека немал намера да се врати во Барселона. Каталонците на почетокот на август ги очекуваат натпревари во Лигата на шампионите.

Барселона најави дека жестокот ќе го казни Артур доколку тој не се појави во клубот.

Каталонскиот весник „Спорт“ денес пишува дека Бразилецот ќе биде казнет парично со 500.000 евра. Односно клубот нема да му го исплати она што треба да го заработи до крајот на договорот.

Scroll to Top