Тигран Барсегјан (25) е блиску до трансфер во Хајдук, пишуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на информации од Ерменија.
„Ерменскиот Хулк“, како што го нарекуваат хрватските медиуми, се наоѓал во завршната фаза од преговорите со клубот од Сплит. Според нив тој наскоро ќе им се приклучи на новите соиграчи кои се наоѓаат на подготовки во Белек, Турција.
Барсегјан, беше играч на Вардар од 2016 година до крајот на минатата година, кога замина од клубот. Во есенскиот дел од сезоната тој настапи за Вардар на девет натпревари, на кои постигнал четири гола. Вкупно за Вардар одиграл 54 натпревари и постигнал 20 гола.
Тој е член и на ерменската репрезентација за која има одиграно 16 натпревари.