Top Sport

Мурињо им се нуди на Реал и Интер

Жозе Мурињо ги демантира шпекулациите дека стане шеф на стручниот штаб на Бенфика. Мурињо, рекол дека нема немаре да се враќа во Португалија.

Мурињо пред еден месец доби отказ во Манчестер Јунајтед, а Бенфика остана без тренер откако челниците го отпуштиј Руи Викторија.

„Не сум добил никаква понуда. Доколку ја добиев претседателот на Бенфика и клубот ќе беа прв што ќе ја дознаеја мојата одлука. Јас немам намера да се враќам во Португалија. Добро се чувствувам во овој момент. Јас не сум опција за Бенфика“, рекол Мурињо.

Тој рекол дека нема намера да говори за отказот што го доби во Манчестер Јунајтед.

„Научив дека кога ќе си заминете од клубот дека не треба да одите и да зборувате за тоа. Тие работи не се за во јавноста. Друга работа која ја научие е дека треба да ги почитувам клубовите кои се заинтересирани за мене, но и оние што не се заинтересирани“.

Мурињо најмногу се поврзува со Реал Мадрид и со Интер. Тој во минатото работел во двата тима. Со Интер ја освои тројната круна, а со Реал бил шампион на Шпанија.

„Секако дека голема чест би била доколку се вратам во Реал или во Интер, но ова е само разговор со новинари. Кога тренер или играч се враќаат во некој клуб тоа значи дека таму оставиле некаква трага, дека работеле добро. Јас така се чувствував кога се вратив во Челси. Кога професионалец ќе добие шанса да се врати во некој клуб тоа претставува голема чест“, заклучил Португалецот.

Scroll to Top