Top Sport

Барселона Б има потрошено повеќе пари од 14 прволигаши, вклучувајќи го и Реал!

Барселона потрошиле повеќе пари на својот Б-тим ова лето отколку 14 клубови од Ла лига, вклучувајќи ги и лутите ривали Реал Мадрид.

И покрај тоа што каталонскиот гигант, како и сите големи фудбалски клубови поминуваат низ тешка економска ситуација поради отсуството на гледачи на мечевите, тоа не ги спречи ова лето да платат 13 милиони евра на тројца фудбалери – Густаво Маја, Матеуш Переира и Муса Ндиаје. Барселона исто така продаде и неколку фудбалери, како Абел Руиз во Брага и Дани Морер во Фамаликао, додека Марк Журадо бесплатно замина во Манчестер јунајтед.

Само шест клуба во Ла лига имаат потрошено повеќе во ова тешко економско лето: првиот тим на Барселона (103 милиони евра), Атлетико Мадрид (90 милиони евра), Севилја (53.5 милиони евра), Вилјареал (32.9 милиони евра), Хетафе (19 милиони евра) и Гранада (13.5 милиони евра).

Scroll to Top