Top Sport

Макс за Хамилтон: Не ми е грижа колку победи и титули има

Возачот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен признава дека успесите на Луис Хамилтон во Формула 1 се импресивни, но тоа него лично не го импресионира и покрај тоа што возачот на Мерцедес во недела во Сочи може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во кариерата, а на добар пат е и да се израмни по бројот на титули (7) во шампионатот.

„Да, импресивно е да се освојат толку многу победи и титули и тоа не е лесно. Но, јас искрено воопшто не размислувам за тоа, туку си ги гледам само моите трки. Не ми е грижа со кого се борам и колку тој човек има победи и титули“, заклучува Холанѓанецот.

Минатата недела, поранешниот Ф1 шеф, Еди Џордан посочи дека Хамилтон треба да се пресели во Ред бул наместо да го продолжи договорот со Мерцедес, но Ферстапен не ја сфаќа логиката.

„Зошто би дошол во Ред бул? Двајцата сакаме да победуваме, но во моментов тој е во вистинскиот тим за победи“, додава Ферстапен.

Scroll to Top