Откако Шпанскиот врховен суд ги осуди деветте каталонски политички лидери на затворска казна од 9 до 12 години, со свој коментар необично се јави и фудбалскиот клуб Барселона.
Каталонските политичари се прогласени за виновни за предизвикување бунт и нелегално трошење на јавните пари за учествотото во референдумот за независност на Каталонија кој се оддржа на 1 октомври 2017 без поддршка од шпанската федерална влада. Барселона се јави со соопштение.
„ФЦ Барселона, како еден од водечките тимови во Каталонија и со својата историска улога на заштита на слободата за изразување и определување, по пресудата на врховниот суд за каталонските политички лидери изразува противење. На истиот начин на кој притворот не помогна да се реши конфликтот, сега нема да помогне ниту затворот. Решението за политичкиот конфликт во Каталонија мора да произлезе од политичкиот дијалог. Клубот бара сите политичари да предводат процес на дијалог и преговори, и бара ослободување на политичките лидери. Изразуваме солидарност и поддршка за семејствата на тие кому слободата им е одземена“, се вели во соопштението на Барселона.
FC Barcelona announcement
“Prison is not the solution” pic.twitter.com/o0BWOaThgD— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 14, 2019